Ванлуве: Лабавото владеење на социјалдемократите доведоа до тоа Брисел да биде база за исламско варварство

Од:

Дваесет години од лабавото владеење на социјалдемократите и воведувањето на исламо-социјализам не донесоа овде каде што сме, а тоа е Брисел да биде база за исламско варварство.

Ова го порача белгискиот сенатор Карл Ванлуве од редовите на фламанската националистичка партија „Н-ВА” во интервју за дневниот весник „Ле соар“, откако европската и белгиска престолнина веќе четврти ден е воено-полициски окупирана, со највисок (четврти) степен на закана од тероризам, а по терористичкиот напад во Париз на 13 ноември, каде се покажа дека речиси сите од извршителите биле лица со белгиско државјанство, жители на бриселската општина Моленбек-Сен Жан.

Според овој фламански политичар, бриселските социјалдемократи, преку „екстремната толеранција“ создале во главниот град на Кралството Белгија еден вид на „почва за нетолеранција кон западното општество”.

– Регионот на Брисел не може и не сака да се справи со вистинските проблеми. На регионот му се потребни промени, политичката култура и структурите да се справат со радикализмот и несигурноста, порача сенаторот Ванлуве.

Според весникот „Ле Соар“, фламанската националистичка партија “Н-ВА”, која е најсилен партнер во Владата на Белгија составена од четири политички сили, ја повлекува т.н. „бела карта“ за кревкото, но реално национално единство што досега постоеше во сенаторскиот Дом.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски