Ванг: Кина ќе ги заштити интересите на Пакистан на светската сцена

Од:

Кина е вознемирена од тензичната ситуација помеѓу Индија и Пакистан поради, изјави денеска шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји.

– Кина продолжува да го поддржува Пакистан во заштитата на неговите законски права и интереси и исто така ќе се залага за праведен однос кон Исламабад на меѓународната сцена, посочи Ванг на средбата со пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Куреши.

Куреши е во дипломатска мисија во Кина со оглед на влошената состојба на мирот и безбедноста во регионот, по одлуката на Индија да му го одземе автономниот статус на сојузната држава Џаму и Кашмир.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг