Ванг Хуи: Светот не мора да се плаши од руско кинескиот сојуз

Од:

Јутарњи лист – Загреб

Ванг Хуи е еден од највлијателните кинески интелектуалци и најзначаен експерт кога се работи за современа Кина. Затоа и неговото предавање во Загре, во финалето на „Субверзив Фестивалот“, беше посветено на кинескиот 20 век, а проф. Ванг кој предава книжевност на угледниот Универзитет Цингхуа во Пекинг, се обиде на публиката да и објасни како и зошто кинескиот развој течеше поинаку од западниот и со кои последици.

Роден во 1959 година во Јангжу на северниот тек на реката Јангце, во град во кој Марко Поло бил локален старешина и кој во текот на историјата станал еден од најбогатите кинески градови од кои редовно доаѓале најголемите трговски семејства, поети, сликари и интелектуалци, Ванг Хуи работел две години во фабрика пред да се запише на факултет. Докторирал во 1988 година во Нанџинг на кинески јазик и книжевност. По една година во 1989 Ванг Хуи учествувал во студентските протести на Тјенанмен кое станало клучна епизода во неговиот живот.

По Тјенанмен била покрената истрага, но не бил обвинет. Но, бил пратен на наводна реедукација во провинцијата Шанџи на една година. Тоа уште повеќе го зајакнало во неговата борба за човековите права во Кина. Пишувал за тоа што се случува на земјоделците, мигрантките, на сите тие кои биле слаби и незаштитени во општествениот поредок.

Дури, неколку децении потоа, им помогнал на работници на една фабрика за текстил во својот роден град, да покренат обвинение против сопственикот бидејќи преземањето на фабриката било незаконско и успеал во тоа. Сега, пак, бил на југот на Кина, во фабрики во кои се произведуваат делови за мобилни телефони. – Луѓето работат барем шест дена неделно и 10 часа дневно, зборува за тоа што го слушнал таму.

Што и претстои на Кина? Дали поради успорениот раст почнуваат проблемите?

– Кога се зборува за проблеми, главно се наведуваат токму економските причини. Тезата е дека поради успорениот раст ќе дојде до економски проблеми. Но, не верувам во тоа. Во ред, економијата треба да се одржи, но мислам дека Кина тоа може да го издржи. Има капацитет да ја надмине таа состојба. Со новата политика, како што е новиот Пат на свилата, се обидува да најде нови патишта, проекти и идеи. Нешто слично прави и со воспоставување на инвестициска банка како и со идејата за поврзување со Европа преку брза железница, што се нарекува мост на идеи.

Кинеската влада сака да го задржи растот, бидејќи со тоа ќе ги надмине сите проблеми на кои може да наиде. Растот на невработеноста и општествената криза кои би предизвикале пад на економијата не смеат да се случат. Во Кина владее и криза поврзана со околината и загадувањето па всушност најголем предизвик пред Кина е наоѓање на нови економски идеи и промена на досегашните модели. Во Кина многу се зборува за тоа, многу се зборува за овој економски модел кој го имаме, се зборува за кинескиот сон, алтернатива на американскиот сон, бидејќи тоа е политичка стратегија која стана многу важна на властите во Пекинг, но јасно е дека за се е клучен економскиот раст, бидејќи тој целосно ја промени современа Кина.

Што е со општествените разлики? Дали тие се се поголеми?

– Да и состојбата е многу сериозна. Нема да биде лесно да се најде решение за тоа. На сиромашните треба да им се помогне инаку нема да имаат никаква перспектива. Се согласувам со тие кои зборуваат дека состојбата околу статусот на работниците денес е отприлика таква каква што беше пред сто или двеста години и тука не мислам само на Кина. Животот, стилот на животот во градот, бара одредени стандарди и постојано производство.

Луѓето кои доаѓаат во Кина, секогаш се изненадуваат од цените, посебно ако доаѓаат првпат. Во Загреб дојдов од Венеција каде бев два месеца. Пред десет години или нешто повеќе, цените во Пекинг и Венеција не можеа да се споредат. А сега, мене Венеција не ми е скапа бидејќи цените се како во Пекинг, дури и пониски. На пример, станот во кој бев, ме чинеше само 1.900 евра за шест недели и тоа убав, голем, двособен стан. Тоа порано би го сметал за многу скапо, но сега цените се како во Пекинг или дури и поефтини. А Венеција беше поим за високи цени…

Кои се резултатите на антикорупциската кампања во Кина, во која се сменети илјадници локални политичари?

– Во споредба со транзициските земји, нашата антикорупциска кампања е нешто поинаква. Многу е сериозна ако на пример ја споредите со антикорупциската кампања во некои други земји како Индија и Русија. Дури и во време на претходните власти летаа од функции луѓе кои беа многу високо, како поранешниот градоначалник на Пекинг или Шангај. Но, никогаш немаше толкав замав како сега. Тоа не сум го доживеал. Културната револуција беше нешто друго, таа беше политичка и се работеше за чистки. Ова е акција со која се симнуваат луѓе од функции на врвот, средината и локалните власти и тоа е импресивно. И навистина е потребно бидејќи отвора голем простор работите да се доведат во ред. Некои луѓе беа многу сомнителни кон акцијата бидејќи нивото на корупцијата е големо и бидејќи таа беше дел од целиот механизам. Речиси е невозможно да се промени целиот систем и корупцијата е неизбежна. Но, може да се доведе до некои помали, прифатливи граници. Алтернатива не постои. Не можете да се развивате ако имате толкаво ниво на корупција во земјата и логично е дека власта удри по неа најсилно што можеше.

Како Кина понатаму ќе се постави во меѓународните односи? Претседателот Кси Џипинг беше во Москва, на прославата на Денот на победата кај Владимир Путин. Колку тие односи меѓу Москва и Пекинг навистина се блиски?

– Единствена светска супер сила е Америка. Тоа нема така брзо да се промени. Кина станува економски се посилна, но не е таков играч. Кина е специфична и по тоа што е прва голема економија на светот, која не се потпира на воената индустрија или не прерасна во важна сила по некој светски судир. Сега ќе ми кажете дека кинескиот воен буџет е зголемен, што е точно, но тоа се уште далечни бројки од американската војска и нивната воена индустрија, нема шанси да се приближиме на тоа. Што се однесува до Русија, еве една навистина поучна интересна работа: државните медиуми не го пренесоа престојот на претседателот во Москва и воената парада. Но, ја пренесоа прославата на 60 годишнината на конференцијата во Бандунг, прва голема афро-азиска конференција на која учествуваа 25 земји. Тој детал многу зборува за идејата во која насока се развива кинескиот надворешнополитички интерес.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он