Ван дер Белен и официјално победник на претседателските избори во Австрија

Од:

Александер ван дер Белен победи на претседателските избори во Австрија со 53,8 отсто од гласовите, јави агенцијата АПА, повикувајќи се на официјални резултати од австриското Министерство за внатрешни работи.

За неговиот противкандидат, крајнодесничарскиот евроскептик Норберт Хофер, гласале 46,2 отсто од избирачите.

Ван дер Белен, кој е голем приврзаник на обединета Европа, еднаш веќе го победи Хофер, во мај, но тогаш со разлика од само 0,7 отсто, кога австрискиот Уставен суд ги поништи резултатите поради нерегуларности во пребројувањето и наложи прегласување. Оттогаш досега за Ван дер Белен гласале 200 илјади граѓани повеќе.

Би можело да ве интересира

Австриската полиција трага по тројца Срби осомничени за убиство

Горан Наумовски

Петгодишно момче загина во одрон во Австрија

Горан Наумовски

Малолетничка од Црна Гора сакала да изврши напад во Грац

Горан Наумовски

Голема лавина во Австрија: Четворица затрупани во снег, тројца мртви

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија