Валс: Седуммина Французи извршиле самоубиствени напади во Сирија и Ирак

Од:

Францускиот премиер Мануел Валс изјави денеска дека седум француски граѓани извршиле самоубиствени напади во Сирија и Ирак.

Шестмина од нив преминале во ислам.

Валс во парламентот рече дека стотина Французи се на територијата под контрола на екстремисти од Исламска држава.

– Најмладиот од нив немал ни 20 години, рече францускиот премиер

Валс говореше откако Фигаро објави интервју со комесарот за правда во ЕУ, Вера Јурова која нагласи дека проценките се оти 5.000 – 6.000 Европјани се борат на страната на џихадистите во Сирија.

Валс побара на Владата да и биде дозволено да шпионира граѓани по итна постапка во случај на исклучителна закана за безбедноста на граѓаните односно, надлежните служби да не бараат одобрување од независен 9-член одбор како што е сега во пракса. 

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата