Валс: На Европа сигурно и се закануваат големи напади

Од:

Нови големи напади во Европа се извесни, предупреди денеска францускиот премиер Мануел Валс на безбедносната конференција во Минхен.

Валс, чија земја се најде на удар на два исламистички напади минатата година, изјави дека Европа влегла во нова ера која се карактеризира со присуство на „хипертероризам“, што според него „сите го чувствуваат“, пренесува Танјуг.

– Мораме во целост да бидеме свесни за заканата и да реагираме исклучително силно и луцидно. Напади ќе има и тоа во големи размери. Тоа е извесно. Хипертероризмот ќе потрае, истакна тој.

Моќта на идеолошката опседнатост е силна и во новиот период влеговме затоа што тој хипертероризам е во сржта на нашите општества, вели Валс.

– Европскиот проект може да доживее крај ако не бидеме внимателни, заклучи францускиот премиер.

Би можело да ве интересира

Прославен Денот на победата во Париз, Макрон не одржа говор

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски