Канадската експериментална вакцина против ебола се уште чека во лабораторија, бидејќи не е постигнат договор за најбезбеден начин за нејзин транспорт, три недели откако беше понудена на Африка, во борба против епидемијата.
Властите во Отава на 12 август соопштија дека ќе донираат меѓу 800 и 1.000 дози од вакцината на Светската здравствена организација за употреба во Африка, каде најмалку 1.900 луѓе загинаа од вирусот.
Вакцините се чуваат во канадската Национална микробиолопка лабораториа во Винипег.
– Моментално работиме со СЗО на сложена регулатива, логистика и етнички прашања со цел вакцината безбедно да стигне што е можно побрзо, изјави портпаролот на канадското Министерство за здравство Шин Аптон.