Вакцината „Спутник V“ е 97,6 отсто ефикасна

Од:

Ефикасноста на руската вакцина против коронавирус Спутник В изнесува 97,6 отсто, а оваа цифра се заснова врз анализа на податоците за процентот на имунизирани Руси, соопштија Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија на Гамалеја и Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF)

– Вакцината „СпутникV“ покажа ефикасност од 97,6 отсто врз основа на анализата на податоците за степенот на инфекција со коронавирус меѓу луѓето во Русија кои се вакцинирани со двете компоненти од вакцината, се наведува во соопштението.

Според податоците од имунизацијата на 3,8 милиони Руси, вакцинирани со двете компоненти помеѓу 5 декември и 31 март, степенот на инфекција, почнувајќи од 35-от ден од датумот на првото инјектирање, е само 0,027 проценти, во споредба со 1,1 процент на инциденца меѓу невакцинираните.

– Податоците и пресметките за ефикасноста на вакцината ќе бидат објавени во медицинските списанија следниот месец, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Русија: Подготвени сме за сериозни преговори

А1он

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз