Компанијата Модерна ќе ја продава вакцината за коронавирсот меѓу 25 и 37 долари во зависност од нарачаната количина, соопшти директорот Стефан Бансел.
„Нашата вакцина ќе чини како и вакцината против грип, што е некаде меѓу 10 и 50 долари“ – вели Бансел.
Челниците на Европската унија сакаат да постигнат договор со Модерна за набавка на повеќе милиони дози од нејзината потенцијална вакцина по цена пониска од 25 долари. Засега нема потпишан договор.
Модерна информираше дека нејзината експериментална вакцина е 94,5 порценти ефикасна во спречувањето на заразата на Ковид-19.