Вакцинацијата во Германија ќе почне во првите денови од 2021 година

Од:

Шефот на кабинет на германската канцеларка Ангела Меркел, Хелге Браун изјави дека очекува вакцинацијата против Ковид-19 да почне во првите денови од новата година.

Браун, кој е лекар, истакна дека е подготвен да помогне во вакцинацијата за време на викендите.

Се очекува Европска Унија до 29 декември да донесе одлука за одобрување на првата вакцина за употреба. Во Германија се подготвуваат посебни центри за вакцинација.

Браун истакна дека канцеларката Меркел ќе се вакцинира „кога ќе дојде на ред“.

Германскиот Центар за контрола на болестите денеска соопшти дека во изминатите 24 часа регистрирани се 12.332 новозаболени лица и 147 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке