Минувачите на пацифичкиот брег кај државата Вашингтон во САД беа особено изненадени кога плимата исфрлила еден мошне необичен чамец.
Пловилото кое во целост било прекриено со алги, оддавало впечаток дека со години лутало над океанот, но експертите имаат поинакви претпоставки за тоа од каде потекнува и како завршило во САД.
Чамецот го пронашол еден полицаец кој случајно шетал покрај брегот, а глетката делувала нереално. Кајче, целосно прекриено со богата подводна вегетација и школки.
На чамецот можеле да се забележат јапонски букви, поради што претпоставил дека потекнува од Јапонија, од времето на страшното цунами во 2011-та година. Тоа значи дека кајчето поминало речиси 6.500 километри.