Шефот на Вагнер Евгениј Пригожин утринава објави дека неговата платеничка воена група го зазела Бахмут.
„Единиците на приватната воена компанија Вагнер ја презедоа контролата врз источниот дел на Бахмут“, рече Пригожин во гласовна снимка на Телеграм.
„Сè источно од реката Бахмутка е целосно под контрола на Вагнер“, рече тој.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Си-Ен-Ен предупреди дека падот на Бахмут ќе биде „отворен пат“ за руските трупи да ги заземат градовите во Украина.
„Ова е тактика за нас, разбираме дека по Бахмут би можеле да одат понатаму“, рече украинскиот претседател.