Вацлав Клаус ги исмеа хомосексуалците

Од:

Поранешниот претседател на Чешка, Вацлав Клаус на својот сајт објави карикатура која ги исмева истополовите бракови и хомосексуалците.

Карикатурата на која се гледа девојче кое со рацете држи двајца мажи и прашува кој од вас е мојата мајка, а потоа и две жени со едно момче кое прашува за таткото, на поранешниот претседател му ја подари еден негов симпатизер.

Карикатурата е објавена без коментари во време кога група пратеници го довршува предлог-законот за истополни бракови, според кој чешките хомосексуалци можат да посвојат дете, доколку живеат во регистрирана заедница со неговата биолошка мајка или татко и заедно се грижат за детето.

-На децата што живеат со две мајки или двајца татковци не им недостига ништо. Знам многу такви семејства и децата во нив се среќни. Поранешниот претседател само ја поттикнува атмосферата на нетолеранција во општеството, изјави Џамила Стехликова од Советот на владата за човекови права.

Стехликова по повод карикатурата истакна дека кога поранешен претседател ги исмева децата и нивните родителитоа е бесчувствителен напад.

Клаус како претседател на Чешка се обиде да го спречи донесувањето на законот за регистрирано партнерство, односно за истополовите бракови.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски