Усвоен договорот за ограничување на глобалното затоплување на конференцијата во Париз

Од:

Министрите на земјите учеснички на Меѓународната конференција за климата во Париз, денеска ја усвоија спогодбата за ограничување на глобалното затоплување. Спогодбата е одобрена од речиси 200 нации, јави Танјуг.

Претходно францускиот претседател Франсоа Оланд ги повика министрите од земјите учеснички на Меѓународната конференција за климата да преземат „одлучувачки“ чекор и да го усвојат „историскиот пакт“ за ограничување на глобалното затоплување.

-Морате да преземете конечен, одлучувачки чекор што ќе ни овозможи да ја постигнеме целта, им порача Оланд на министрите и делегатите, на кои  претходно францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус им ја поднесе на разгледување нацрт глобалната спогодба, пренесоа француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано