Ноќеска во источна Индонезија, кај островот Малуку се активира вулканот Гамалама, кој исфрла пепел на голема височина, со што е загрозен авионскиот сообраќај. Властите наредија евакуација на населението и затворање на аеродромот во градот Тернате.
Зголемената сеизмичка активност во неколку делови на индонезискиот архипелаг е главна причина за активирање на десетина вулкани чии последни ерупции биле забележани пред повече од сто години.
Обновената вулканска активност најмногу се почувствува лани, кога вулканската ерупција на северниот дел на островот Сулавеси го загрози и авионскиот сообраќај со Австралија.