Уругвај одобри и продажба на производи од канабис

Од:

Уругвај ја одобри продажбата на лекови добиени од канабис, три месеци откако ја легализира продажбата на марихуана. Лековите, на кои активна состојка ќе им биде канабидиол, ќе се продаваат на рецепт, во аптеките.

Ќе се добива екстракт од канабис со помалку од еден процент тетрахидроканабинол (THC), главна психоактивна супстанца на овој лек, се наведува во документот објавен синоќа на веб- страницата на владата на Монтевидео.

Во 2013 година, Уругвај усвои Закон, со кој се легализира продажбата на марихуана.

Во јули оваа година, во Уругвај почна законската продажба на марихуана. Земјата го легализираше производство, дистрибуција и продажбата на канабисот. Марихуаната се продава во 16 аптеки.

Регистрирани се 15.000 корисници на кои им е овозможено да купуваат 40 грама марихуана месечно, по цена од 1.30 долари за грам.

Би можело да ве интересира

Во Уругвај и Аргентина: 16 загинати во силно невреме

Поради сушата во Уругвај, милиони граѓани останаа без вода за пиење

Црногорците кои беа уапсени во Уругвај со 489 килограми кокаин добија притвор до 120 дена

Горан Наумовски

Црногорци во Уругвај се притворени поради шверц на кокаин

Уругвај: Уапсени четири лица по заплена на 6 тони кокаин

Ана Ололовска

Втор круг претседателски избори во Уругвај