Уругвај во јули ќе стане прва земја каде марихуаната ќе може слободно да се купува во аптеките.
Купувачите ќе мораат да се запишат во националниот регистар, а цената на еден грам марихуана ќе биде 1,5 долари.
Марихуаната во аптеките ќе можат да ја купат само уругвајски државјани и тоа, максимално 40 грама месечно.
Како што е наведено, во аптеките ќе се продава марихуана одгледувана под контрола на државните тела.
Пред почетокот на слободнатa продажба на марихуната во аптеките, властите планираат да спроведaт кампања за последиците на нејзиното конзумирање, јави порталот CdM.me.
Оваа јужноамериканска држава усвои пред четири години контроверзен закон со кој се дозволуваат три начини на пристап на канабисот: одгледување дома за лична употреба, припадност на клубот на канабис поради садење во задругата и купување на марихуаната кои ја произведуваат приватните фирми.