Урсула фон дер Лајен: Преговорите за пристапување на Украина во ЕУ треба да започнат без одложување

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес во Никозија, Кипар, изјави дека преговорите за пристапување на Украина во Европската Унија треба да започнат без одложување.

„Храбриот отпор на Украина кон Русија е непоколеблив. Исто така и поддршката на Европа. Со оглед на континуираните реформски напори на Украина, преговорите за пристапување треба да започнат без одложување“, напиша фон дер Лајен на платформата X, по трилатералниот состанок со претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, и украинскиот претседател, Володимир Зеленски, пред неформалниот состанок на шефовите на држави или влади на ЕУ во Кипар.

Фон дер Лајен, Коста и Зеленски во заедничка изјава нагласија дека заемот за поддршка на Украина ќе обезбеди Украина да ги задоволи своите итни буџетски и одбранбени потреби, дозволувајќи ѝ на земјата да остане отпорна на тековните руски напади, објави веб-страницата на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина