Ураганот Исел ослабе до тропска бура, но нанесе големи штети на Хаваите

Од:

Ураганот Исел, што беснееше на Хавајските Oстрови, ослабе до тропска бура, но се уште е најмоќната бура која го зафати американскиот архипелаг во Тихиот Океан во последните 22 години.

Со брзина од речиси 120 километри на час ветерот уриваше дрвја и електрични столбови, оставајќи околу 5.000 домаќинства без струја, најмногу во источниот дел на архипелагот.

Океанските бранови по крајбрежјето достигнуваат височина од осум метри. Над 1.200 лица беа евакуирани и сместени во центри специјално подготвени за бурата.

Со приближувањето на ураганот кон големиот централен остров силата почна да му слабее. Откако брзината на ветровите се намали на 110 километри на час, синоптичарите го „ослабнаа“ во категорија на тропска бура.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди најголемиот активен вулкан на светот

А1он

Бројот на загинати во шумските пожари на Хаваите се намали на 97

На Хаваи, повеќе од 300 се водат како исчезнати по пожарот

Бројот на загинати од шумските пожари во Мауи се искачи на 111, околу 1.000 луѓе се водат како исчезнати

Бројот на загинати во пожарот на Хаваи се искачи на 101

ВИДЕО: Бројот на жртвите на Хаваи ќе биде двојно или тројно поголем