Ураганот Исел, што беснееше на Хавајските Oстрови, ослабе до тропска бура, но се уште е најмоќната бура која го зафати американскиот архипелаг во Тихиот Океан во последните 22 години.
Со брзина од речиси 120 километри на час ветерот уриваше дрвја и електрични столбови, оставајќи околу 5.000 домаќинства без струја, најмногу во источниот дел на архипелагот.
Океанските бранови по крајбрежјето достигнуваат височина од осум метри. Над 1.200 лица беа евакуирани и сместени во центри специјално подготвени за бурата.
Со приближувањето на ураганот кон големиот централен остров силата почна да му слабее. Откако брзината на ветровите се намали на 110 километри на час, синоптичарите го „ослабнаа“ во категорија на тропска бура.