Поранешниот портпарол на Моамер Гадафи, Муса Ибрахим е уапсен на денот кога се навршува една година од смртта на либијскиот лидер.
Муса Ибрахим беше главниот портпарол на режимот на Гадафи во последната година на војната. Тој е уапсен во градот Тархуна, 70 километри јужно од Триполи.
„Муса Ибрахим е упасен во акција на либијските сили во градот Тахуна и префрлен е на испитување во Триполи“, се наведува во соопштението на либијската влада. Ибрахим во текот на војната, држеше прес конференции во Триполи, во хотелот каде што беа сместени новинарите за време на последните судири.
Неговото движење беше непознато од падот на Триполи во август 2010. година, а повеќепати беше јавувано дека е заробен.