УНРВА: До крајот на денот, околу 70 отсто од населението во Газа нема да има пристап до чиста вода

Од:

Генералниот комесар на Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), Филипе Лазарини, предупреди дека до крајот на денешниот ден околу 70 отсто од населението во Појасот Газа нема да има пристап до чиста вода.

„Целата наша операција сега е на работ на колапс. До крајот на денешниот ден околу 70 отсто од населението во Газа нема да има пристап до чиста вода“, напиша Лазарини на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде дека горивото наменето исклучиво за камионите на Обединетите нации нема да спасува животи, а дека чекањето ќе доведе до уште поголема загуба на животи.

Би можело да ве интересира

Израел: Пронајдовме тела на пет заложници во Газа

Израелските сили пукаат врз Палестинците во Шеџаја

Германската влада крие информации за оружје и воени злосторства во Газа

Хамас ја прифати резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на огнот

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

Орце Костов

Израел продолжи со нападите врз Газа и покрај повиците за прекин на огнот

A1on