Универзитетите во Токио и Сингапур најдобри во Азија

Од:

Универзитетот во Токио е прогласен за најдобар образовен академски центар во Азија, а веднаш до него е Националниот Универзитет од Сингапур.

Во информациите за рангирањето на најдобрите уиверзитети во Азија, објавени денеска од страна на неколку еминентни институции, чии централи се во Лондон, Националниот Технолошки Универзитет на Сингапур, што во рамките на посебни азиски рангирања неколку години е на прво место, според овие критериуми е на единаесеттото место.

Рангирањето на азиските универзитети го обајви лондонскиот „Тајмс индекс’’, а во него учествувале над 60.000 универзитетстки професори.

Оценувањето е извршено според 13 индикатори, меѓу кои најважни се можностите за истражувачка работа на студентите, реномето на професорите што предаваат и условите во кои учат и живеат студентите.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија