Руските вооружени сили уништија 975 објекти на украинската армија, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков, додавајќи дека биле соборени 26 летала.
– Досега руските сили уништија 975 објекти на украинската воена инфраструктура, вклучувајќи 23 командни пунктови и комуникациски центри, три радарски станици, 31 систем за противвоздушна одбрана (С-300, Бук-М1 и Оса), 48 радарски локатори. Соборени се осум борбени авиони и седум хеликоптери, 11 беспилотни летала, како и ракетни фрлачи, рече Конашенков.