УНИЦЕФ: Во Јужен Судан грабнати 89 момчиња

Од:

Една воружена група од Јужен Судан, во северниот дел од земјата, грабнала најмалку 89 момчиња, денеска соопшти агенцијата на Обединетите нации за заштита на децата – УНИЦЕФ.

Момчињата, од кои некои се на возраст од само 13 години, биле грабнати во близина на Малакал, главниот град на државата Горен Нил, се наведува во соопштението на УНИЦЕФ.

Малакал, градот што во моментов се наоѓа под контрола на владините сили, неодамна беше средиште на борби меѓу војската и бунтовниицте кои меѓусебно се обвинуваат за прекршување на повеќе мировни спогодби, пренесуваат американските медиуми.

Вооружените мажи оделе од куќа до куќа и со сила ги воделе момчињата постари од 12 години, соопштија очевидци.

Според информациите на УНИЦЕФ, момчињата биле грабнати додека полагале испити во областа Вау Шилук, така што бројот на грабнати може да се покаже и многу поголем.

Засега не се знае која група стои зад грабнувањата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

Најмалку 12 лица загинаа во конфликти во Јужен Судан, 15 деца се исчезнати

Горан Наумовски

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

(ВИДЕО) Објавени снимки: Украински специјалци го напѓаат Вагнер во Судан

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски