Едно од секои три деца во светот има високи нивоа на олово во крвта, покажуваат податоците од глобална студија на УНИЦЕФ и организацијата за заштита на животната средина „Чиста земја“ (Pure Earth).
Широката контаминација сo олово става во ризик милиони млади луѓе, кои можат да развијат сериозни ментални и физички оштетувања како резултат на труењето со олово.
Кај околу 800 милиони деца пронајдени се нивоа на олово од 5 микрограми на децилитар или повеќе, според студијата на УНИЦЕФ и
Tие нивоа се сметаат за доволно високи за да го нарушат нормалниот развој на мозокот, нервниот систем и виталните органи како што се срцето и белите дробови.
СЗО и Центрите за контрола и превенција на болести на САД повикуваат на вистинска акција, бидејќи извештајот вели дека основната причина е јасна – несоодветно рециклирање на батерии и заситеност на животната средина со загадувачи.
„Недвосмислен заклучок на оваа студија е дека децата ширум светот се отруени од олово во огромна и досега невидено ниво“, се вели во извештајот објавен денеска.
Документот наведува широк спектар на фактори одговорни за високи нивоа на олово во крвта кај децата – од несоодветно рециклирање на батерии до употреба на боја со олово за домови, отпадоци од олово и загадување на храна заради глазирани керамички садови.
Во извештајот се наведува дека 95 отсто од оловото во батерии се рециклира во САД и во Европа, додека земјите во развој ја немаат таа технолошка способност. Експертите посочуваат дека колку подолго токсинот останува неоткриен во крвта, толку е поголем ризикот од повреди или смрт.