УНИЦЕФ соопшти дека ги засилува напорите во борбата против ебола и оти во наредните шест месеци се потребни уште 500 милиони долари за таа цел.
УНИЦЕФ наведува дека веќе примил 200 милиони долари помош, но оти се потребни уште 300 милиони долари.
Помошта, меѓу останатото, би била намената за илјадници деца чии родители починале од ебола.
Се проценува дека такви деца има околу 10.000, изјави портпаролката на УНИЦЕФ Сара Кроу.