Статистика на Уницеф: Околу 1.000 деца убиени или ранети во војната во Украина

Од:

Најмалку 972 деца во Украина се убиени или повредени од почетокот на војната пред околу шест месеци, додека во просек повеќе од пет деца се убиени или повредени секој ден, соопшти Фондот на ОН за деца (УНИЦЕФ).

Статистиките наведени во соопштението се оние кои ОН можеа да ги потврдат, но се верува дека вистинската бројка е многу поголема.

Најголемиот број смртни случаи на деца се предизвикани од употребата на експлозивно оружје, кое не прави разлика меѓу цивили и борци, особено кога се користи во населени места, како што е случајот во Украина.

Како што е наведено, речиси секое дете во Украина е изложено и на длабоко вознемирувачки настани, а оние што бегаат од насилство се изложени на значителен ризик од семејна разделба, насилство, злоупотреба, сексуална експлоатација и трговија со луѓе.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Шмихал: Украина очекува отворање на преговарачки кластери во наредните месеци

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година