Над 13 милиони деца не одат на училиште поради конфликтите на Блискиот Исток и Северна Африка што ги уништува нивните надежи и иднина, предупреди Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).
Извештајот на УНИЦЕФ „Образование под оган“ ги истражува последиците од насилството за учениците во осум држави плус палестинските територии.
Околу 13,7 од вкупно 34 милиони деца не одат на училиште во Сирија, Ирак, Јемен, Либија и Судан, што е вкупно 40 проценти од децата во овие пет држави. Речиси 9.000 училишта во овие земји не се користат за својата намена, бидејќи се уништени, претворени во засолништа или под контрола на вооружени групи.
УНИЦЕФ досега има обезбедено 140 милиони долари или 40 проценти од сумата, потребна за обезбедување на образование на раселените Сиријци.