Милиони деца во источна и јужна Африка боледуваат од тешка неухранетост, поради сушата која го погодува континентот и која би можела да се влоши поради климатскиот феномен „Ел Нињо“, предупреди денеска Дртскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).
– Феноменот „Ел Нињо“ ќе го снема, но влијанието врз децата ќе се чувствува со години, оцениа Лејла Гарагозло Пакала, регионален директор на УНИЦЕФ за источна и јужна Африка.
– Се работи за досега невидена ситуација и преживувањето на децата зависи од тоа што ќе преземеме сега, објасни Пакала.
Тешката неухранетост се одразува на многу голема загуба на килограми и таа е одговорна за зголемиот број на смртни случаи кај деца помлади од пет години насекаде во светот, наведува УНИЦЕФ.
Поради слабата берба цените на основните намирници растат, а жителите мора да го намалат количеството на храна што го конзумираат, изложувајќи ги децата на глад и болести.
Лесото, Зимбабве и неколку покраини во Република Јужна Африка веќе објавија состојба на природна катастрофа.
ОН проценува дека 14 милиони лица може да се соочат со недостиг на храна во 2016 година во јужна Африка, поради слабата берба минатата година во комбинација со тешката суша. Притоа ја спомнуваат државата Малави, каде гладта им се заканува со 2,8 милиони луѓе.