УНИЦЕФ: Израел измачувал притворени деца

Од:

Палестински деца кои се приведени од израелската армија се систематски измачувани и злоставувани што претставува кршење на меѓународните права, се вели во извештај на УНИЦЕФ, објавен денеска.

Според проценки на УНИЦЕФ израелската армија, полиција и агенти од служби за безбедност секоја година на Западниот брег апсат или сослушуваат околу 700 палестински деца на возраст од 12 до 17 години.

Во извештајот се вели дека имало „примери на сурово, нехумано и понижувачко постапување и казнување што е во спротивност со Конвенцијата за права на децата и Конвенцијата против измачување“.

Израелската армија и израелското МНР одбија коментари за извештајот.

– Злоставувањето на децата вклучува меѓу останатото врзување преку очите и рацете со пластични ленти, физичко и вербално злоставување за време на трансфер до местото каде ги сослушуваат, се вели во извештајот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел