УНИЦЕФ гради медицински центар за бегалците во Бангладеш

Од:

УНИЦЕФ почна со изградба на медицински центар во најголемиот бегалски камп во светот, што е лоциран во Бангладеш.

Одлуката за изградба на медицински центар со капацитет од 210 болнички кревети за изолација и третман на пациенти е донесена откако две лица се инфицирале со новиот коронавирус во бегалскиот камп во кој се сместени речиси еден милион Рохинџи, кои побегнаа од соседен Мјанмар.

Во 160-милионскиот Бангладеш, потврдени се околу 20.000 лица инфицирани со Ковид-19, од кои 298 починале. Владата на Бангладеш ја суспендира речиси цела помош за бегалскиот капм, па затоа УНИЦЕФ одлучи да изгради медицински центар, со цел да се спречи ширење на епидемијата помеѓу бегалците.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници