УНИЦЕФ соопшти денеска дека бројот на децата, кои ги користи нигериската исламистичка групација Боко Харам за извршување бомбашки напади се зголемил за десет пати за една година.
УНИЦЕФ додаде дека 75 отсто од децата се девојчиња.
Бројот на децата, кои учествувале во самоубиствените напади во Нигерија, Камерун, Чад и Нигер се зголемил од 4 во 2014 година на 44 минатата година.
Бројот на сите самоубиствени бомбашки напади се зголемил од 32 во 2014 година на 151 минатата година.
Во 2015 година 89 од тие напади биле извршени во Нигерија, 39 во Камерун, 16 во Чад и седум во Нигер.
Боко Харам испраќа напаѓачи да активираат бомби во џамии, на пазари и на други локации. Се претпоставува дека Боко Харам ги претвора своите заробеници во оружје.