УНХЦР: Бегалците би можеле да најдат нова маршрута заобиколувајќи ја Унгарија

Од:

Откако Унгарија го ограничи влегувањето на бегалците на нејзина територија, тие најверојатно ќе се насочат кон други земји, создавајќи нова маршрута за движење кон западноевропските држави, изјави денеска портпаролката на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), Мелиса Флеминг.

– Ние сме во контакт со повеќе земји и доколку се случи нешто непредвидено, УНХЦР е подготвен да реагира и да им помогне на овие држави на најдобар начин, рече Флеминг.

Меѓународната организација за миграции (ИОМ) пак оцени дека со воведувањето на построгите мерки за миграцијата и со затворањето на својата јужна граница, Унгарија не ги почитува нејзините обврски што произлегуваат од правилата за бегалци и азил на ОН и ЕУ.

– Унгарија е должна да ги почитува своите обврски. Новото законодавство претставува непочитување на тие обврски, кои произлегуваат како од Меѓународната конвенција на ОН за статусот на бегалците, така и од регулативата на ЕУ за доделување азил, изјави реководителката на Канцеларијата на ИОМ во Будимпешта, Магдалена Мајковска-Томкин.

Таа побара од унгарската Влада да ги почитува нејзините меѓународни обврски и да им овозможи на бегалците да аплицираат за азил и да им обезбеди заштита и смествување.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море