Унгарско МНР: ЕУ е неодговорна кон бегалците

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска упати остри критики за ЕУ поради „неодговорната“ политика кон бегалците.

– Ова што се случува е последица од лошата политика на ЕУ кон мигрантите и неодговорните изјави на европските политичари, истакна Сијарто.

Унгарските власти им дозволија на бегалците од Блискиот исток и Африка да го продолжат патот кон Австрија и Германија, откако претходно ги запреа возовите кон овие земји за да не можат бегалците да ги користат.

Австриското Министерство за внатрешни работи очекува пристигнување на околу 10.000 бегалци, а околу 4.000 веќе стигнале во Австрија. Австриската полиција се жали на унгарските колеги дека не добива информации и нема соработка.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно упати остри критики на сметка на европските политичари кои се заложуваат за прием на бегалци, тврдејќи дека со тоа се доведуваат во опасност христијанскиот идентитет на Европа.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто