Унгарската полиција уапси мигранти кои протестираат поради нивно испраќање во бегалски камп

Од:

Унгарската полиција приведе мигранти кои легнаа на шини откако беа симнати од воз во близина на градот Бичке, кој утрината тргна од Будимпешта кон австриската граница.

Властите се обидоа да ги качат мигрантите во автобуси за да бидат однесени во бегалски камп до градот, но десетици избегаа, а други им се спротивставија на полицицајците и се качија во возот или легнаа на шините во знак на протест.

Оние што не се симнаа од возот удираа по прозорците на вагоните и скандираа: „Никаков камп, никаков камп!“

Западни медиуми тврдат дека мигрантите биле принудени да се качат во автобус кон бегалскиот камп. Голем број од мигрантите сметаа дека возот заминува кон Австрија и Германија. Друг воз замина кон Дјор, близу до границата со Словачка, на половина пат меѓу Будимпешта и Виена. Возовите кон Германија и Виена беа откажани.

Би можело да ве интересира

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море