Унгарија нема да го уапси Путин ако влезе во земјата

Од:

Унгарија не би го уапсила рускиот претседател Владимир Путин доколку влезе во земјата, изјави денеска шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, појаснувајќи дека за тоа нема правна основа.

Унгарија го потпиша и ратификуваше Римскиот статут за основање на Меѓународниот кривичен суд (МКС). Судот во петокот издаде налог за апсење на Путин, обвинувајќи го за воено злосторство илегално депортирање на стотици деца од Украина.

На прашањето дали Путин ќе биде уапсен доколку дојде во Унгарија, Гергели Гуљас рече дека Римскиот статут не е инкорпориран во унгарскиот правен систем.

„Можеме да се повикаме на унгарскиот закон и врз основа на тоа не можеме да го уапсиме рускиот претседател бидејќи статутот на МКС не стапил на сила во Унгарија“, рече Гуљас.

Тој, исто така, рече дека владата не зазела став за налогот за апсење на Путин. „Ваквите одлуки не се најсреќни бидејќи придонесуваат за понатамошна ескалација на конфликтот, а не за мир. Тоа е мое мислење“, додаде Гуљас.

Путин, само третиот претседател по кој МКС издаде налог за апсење, најверојатно нема наскоро да заврши на суд. Но, тој може да биде уапсен и испратен во Хаг доколку пристигне во кој било член на МКС.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Путин во боите на виножитото, Бајден во инвалидска количка, Трамп во затворски комбинезон – Вештачката интелигенција и светските лидери на модната писта

(ВИДЕО) Путин направи грешка, за малку ќе предизвикаше сообраќајка

Горан Наумовски

Орбан на колегите од ЕУ им достави предлози за крај на конфликтот во Украина

Покрената дебата за одземање на претседателството на Унгарија со ЕУ

Путин: Му благодарам на Моди за неговата посветеност за мирно решение на војната во Украина

Елитна делегација за воена обука oд Северна Кореја доаѓа во Русија