Унгарија нема да ги прекрши европските закони ако подигне ограда долж границата со Хрватска

Од:

Унгарија нема да ги прекрши европските закони доколку изгради ограда на границата со Хрватска, но Европската комисија во принцип е против такви мерки, бидејќи не се во духот на ЕУ, изјави денеска во Брисел Наташа Берто, портпаролката на претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер.

– Границата меѓу Унгарија и Хрватска е надворешна граница на Шенген зоната и секоја земја има право самостојно да одлучи какви заштитни мерки да преземе на таа граница, истакна Берто.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера нагласи дека ако бегалците почнат да влегуваат во Унгарија преку границата со Хрватска, тогаш исто како долж границата со Србија ќе биде подигната бодликава ограда.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто