Унгарија е транзитна точка во ЕУ за мигрантите

Од:

Илјадници мигранти од Авганистан и Сирија, но и од Албанија и Косово секоја недела влегуваат во Унгарија во потрага по азил, со што оваа држава стана транзитна точка во ЕУ. Големиот број мигранти ги разгневи ултрадесничарските и антиисламистички движења ширум Западна Европа и предизвика напнатост во зафрлените области на ЕУ, како што е селото Асотхал во Унгарија, кое што се наоѓа покрај границата со Србија.

Според зборовите на градоначалникот на Асотхал, Ласло Тороцкај, ситуацијата станала практично неподнослива.

Оваа лето во селото била формирана единица од„ренџери“ кои ги собираат мигрантите и ги носат во полициска станица во Сегедин, каде што тие потоа бараат азил во Унгарија.

Оттаму мигрантите, како и сите други кои доаѓаат во ЕУ продолжуваат кон Германија, Шведска или некоја друга европска држава, каде што започнуваат нов живот или се приклучуваат на свои роднини.

Портпаролката на УНХЦР за централна Европа, Кити Мекинси вели дека голем број луѓе доаѓаат во Унгарија со желба да бидат „фатени“, а потоа да пријават азил и да замиант во таканаречените прифатилишта од каде што потоа одат во Западна Европа.

Според податоци на унгарската погранична полиција, оваа година поради илегален премин на границата се покренати постапки против 26.000 лица од 61 националност.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто