Унгарија: Балканот повторно се претвора во буре барут

Од:

Обидите за отстранување на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, од функцијата повторно ќе го претворат Балканот во „буре барут“, предупреди шефот на кабинетот на унгарскиот премиер, Гергељ Гуљас.

За потсетување, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК) денес му го одзеде мандатот на Додик како претседател на Република Српска, врз основа на конечна пресуда на Судот на Босна и Херцеговина, со која го осуди на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност поради неспроведување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница.

„Гледаме дека Балканот, и тоа не за прв пат во историјата, се претвора во буре барут. Казнувањето на претседателот на Република Српска е очигледно дестабилизирачки фактор и ја сметаме моменталната ситуација за апсурдна. Стабилноста на Балканот нема да се промовира со интервенција на Западот, туку со неговото повлекување од таму“, рече Гуљас.

„Унгарската влада смета дека осудата на претседателот е чекор без преседан. Европската Унија треба да биде заинтересирана за стабилноста на Балканот“, додаде тој.

Тој истакна дека Додик вчера ја посети Будимпешта, каде што доби целосна поддршка од премиерот Виктор Орбан.

Додик сè уште има можност да поднесе жалба на оваа одлука за одземање на неговиот мандат, која може да ја поднесе до Апелациониот оддел на Судот на Босна и Херцеговина.

Изборниот закон на БиХ предвидува дека по престанокот на мандатот на претседателот на РС, нови избори се распишуваат во рок од 90 дена, но уставот и законите на ентитетот не утврдија прецизно кој ќе ја извршува претседателската функција во меѓувреме.

Би можело да ве интересира

Унгарија одбива да прифати мигранти на својата територија

ВИДЕО: Пробивање канал низ Србија и Македонија, наводен план на Кина

Петер Сијарто: Ќе ги заштитиме нашите деца од родовата идеологија

Вучиќ на Инстраграм најави дека Унгарија ќе и помогне на Србија

Горан Наумовски

Орбан: Одам во Москва за да ја обезбедам Унгарија со руски гас и нафта

Унгарија го поддржа мировниот план на Трамп