УНЕСКО: Расте насилството врз новинарите што известуваат од протести

Од:

Генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азуле, изјави дека е загрижена поради зголемувањето на насилството врз новинарите што известуваат од демонстрации, потсетувајќи дека „слободата на изразување е витален елемент на демократијата“.

„Покривањето на настаните во живо е во срцето на новинарското работење“, се вели во соопштението на УНЕСКО, кое има мандат да ја заштити слободата на изразување.

Таа работа е „неопходна за да се гарантира слободата на печатот и правото на информации“, додава Азуле.

„Во последниве години, меѓутоа, брановите протести ширум светот ги покажаа ризиците од прекумерната употреба на сила од страна на полицијата против новинарите: репортерите се убивани или повредувани од гумени куршуми, оние кои известуваат директно од демонстрациите се приведувани или обвинувани за непочитување на наредбите за разотидување, а нивниот професионален материјал им е одземан или уништен “, наведува УНЕСКО.

Високиот комесар на ООН за човекови права Мишел Бачел го осуди „невиденото насилство“ врз новинарите во САД за време на протестите против расизмот и полициската бруталност.

Би можело да ве интересира

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

Македонската гајда шестото нематеријално културно добро впишано на репрезентативната листа на УНЕСКО

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Охридското крајбрежје заробено од непознати изведувачи – Левица со барање за инспекциски надзор