Умерен земјотрес регистриран во југозападен Пакистан

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди југозападниот дел на Пакистан. Земјотресот беше почувствуван и во поединечни подрачја кои минатиот месец беа разорени во катастрофалниот земјотрес.

Епицентарот на земјотерсот е регистриран 80 километри југозападно од градот Куздар во провинцијата Балуџистан, на длабочина од 10 километри.

Нема информации за евентуалните човечки жртви или причинета материјална штета. Земјотерс со интензитет од 7,7 степени минатиот месец погоди неколку пакистански региони при што загинаа 376 лица, а околу 100.000 останаа без домови.

 

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос