Умерен земјотрес го погоди Еквадор

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеорвата скала го погоди реонот на Еквадор близу граничниот појас со Колумбија.

Земјотресот бил силно почувствуван и предзвикал паника меѓу локалното населението на оваа слабо населена област, но засега нема извештаи за настрадани или за причинета материјална штета.

Американскиот Геолошки институт истакна дека земјотресот се случил вчера во попладневните часови по локално време, на длабочина од околу десет километри, а епицентарот бил на околу 113 километри североисточно од главниот град на Еквадор, Кито.

Потресот бил почувствуван и во Еквадор и во Колумбија. Властите во колумбискиот град Кумбал велат дека формирале штаб за итни интервенции, иако засега нема извештаи за повредени во тој град со 36 илјади жители.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски