Украинско разузнавање: Путин дури три пати го одложуваше нападот на Украина, преовлада инсистирањето на ФСБ

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин трипати ја одложуваше целосната инвазија врз Украина. Иницијатор на нападот беше Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Руската Федерација. Информацијата ја пренесе Вадим Скибицки, заменик-началник на Одбранбената разузнавачка служба на Украина, во интервју за германскиот весник Билд.

– Според нашите информации, нападот бил одложуван трипати, последен пат во средината на февруари, рече тој.

Според Скибицки, Путин постојано разговарал за идејата за инвазија со Валери Герасимов, началникот на Генералштабот на руските вооружени сили и Сергеј Шојгу, министерот за одбрана, но ФСБ била таа која инсистирала.

„Тие (офицерите на ФСБ) беа сигурни дека се доволно подготвени за инвазијата. Тие вложија огромни ресурси и го туркаа Герасимов да нападне“, посочи тој.

Колку била погрешна нивната проценка, говори и податокот дека руските единици за време на нападот на Киев имале залихи на храна, муниција и гориво за само три дена.

– Сите први цели не успеаја. Не можеа да го опкружат Киев, ниту да ги заземат Суми, Чернихив и Харков, заклучи тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Путин: Рускиот БДП би можел да порасне за повеќе од три отсто до крајот на годината

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски