Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников разговарал со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, информира украинскиот функционер на Фејсбук.
– Вчера имав долг разговор со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин. Дури и искусните американски војници се воодушевени од професионалноста на нашите бранители и издржливоста на нашиот народ. Износот на помошта што ја добиваме расте. Бројот на земји што обезбедуваат помош расте, напиша Резников.
Тој информира дека новите беспилотни летала за напад Бајрактар веќе пристигнале во Украина и се на борбена должност.
– Ќе има уште Стингери и Џавелини. Европа станува наш грб и обезбедува сè што е клучно за нашата одбрана. Ние сме во првите редови на слободниот свет, напиша Резников.