Украинскиот амбасадор во Германија: Третата светска војна веќе е почната

Од:

Светлината исчезна. Одењето и уживањето во сонцето изгледаат несоодветни. Животот се дели на пред и по 24 февруари, рече украинскиот амбасадор во Германија Андриј Мелник во инервју за Билд.

„Треба да можеш да се смееш, инаку ќе полудиш. Но, мене ми е многу тешко, како и на сите во Украина. Поминав многу непроспиени ноќи размислувајќи за ужасните воени злосторства што Русите ги прават во мојата татковина вели Мелник.

Тој рече дека третата светска војна веќе почнала.

„Третата светска војна веќе почна. Нападот на Путин на Украина ги погодува сите. И Германија, иако сè уште не воено. На сите треба да им биде јасно: Путин сака империјалистички светски поредок со ослабен НАТО сојуз во кој нема да членуваат Полска, Чешка и Словенија“ смета амбасадорот.

„Стравот дека Германија ќе стане страна во војната е целосна глупост. За Путин, Германија е веќе страна во оваа војна. Руската победа во Украина би била најлошото нешто што може да и се случи на Германија“, рече тој.

Што се однесува до вооружувањето, тој рече дека тенковите што ги испрати Германија се стари 40 години.

„За да победиме против Русија, ни треба модерно германско оружје“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков