Украинскиот амбасадор во Германија ја поздрави „големата тенковска коалиција“

Од:

Украинскиот амбасадор во Германија, Олексиј Макејев денеска изрази задоволство од формирањето на „голема тенковска коалиција“ односно за очекуваната испорака на германските борбени тенкови Леопард 2.

– Овие тенкови ќе ни помогнат да ја одбиеме руската офанзива и да ги ослободиме нашите територии и луѓе окупирани од Русија. Се надевам дека нашите момчиња наскоро ќе ги пречекаат овие мачки во Украина, истакна амбасадорот Мајејев.

Германската Влада одлучи да и испорача на Украина борбени тенкови Леопард и им дозволи на другите земји да го сторат истото.

– Како и другите западни вооружени системи, тенковите би помогнале да се спасат животи. Имаме потреба од се, ќе бидеме благодарни за секаква помош, наведе Макејев.

Тој додаде дека припадниците на украинската армија можат да ракуваат со различна опрема.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Претставникот на Трамп тврди дека Зеленски прифатил да се одржат претседателски избори

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче

Лами: Путин не треба да има право на вето за присуството на европските мировни сили во Украина

Одеса е нападната од руски беспилотни летала

Стармер: Путин ќе го раскине мировниот договор ако Украина нема гаранции