Украински власти: Русија гранатираше градови во близина на нуклеарната централа Запорожје

Од:

Во руски ракетни и артилериски напади погодени се градови и области во близина на украинската нуклеарна централа во Запорожје, соопштија денеска украинските власти. Гувернерот на Днепропетровската област Валентин Резниченко изјави дека поради силните ракетни напади во текот на ноќта, делови од Никопол останале без електрична енергија. Во гранатирањето во Марганец (околу 45 илјади жители) оштетени се десет станбени објекти.

Во градот Запорожје, на околу 40 километри од нуклеарната централа, синоќа при гранатирање две лица се ранети, изјави членот на градскиот совет Анатолиј Куртев.

Украинскиот оператор на нуклеарна централа Енерхоатом вчера објави дека периодичното гранатирање ја оштетува инфраструктурата на централата.

Руската армија ја зазеде нуклеарната централа Запорожје и околината на левиот брег на Дњепар кратко време по почетокот на нејзината инвазија врз Украина на 24 февруари. Украинските вооружени сили ги контролираат Никопол и Марганец – два града на десниот брег на таа широка река, од кои секој е десет километри од централата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица