Украински функционер го спореди прекинот на американската воена помош со попуштањето на Хитлер во 1938 година

Од:

Ројтерс пренесува поширока изјава на Олександр Мережко, претседател на Комитетот за надворешни работи на украинскиот парламент, кој рече дека одлуката на администрацијата на Трамп да ја прекине воената помош за Украина потсетува на отстапките за Адолф Хитлер во 1938 година, кога беше потпишан Минхенскиот договор.

„Запирање на помошта сега значи да му се помогне на Путин. На прв поглед, ова изгледа многу лошо. Изгледа дека Доналд Трамп не турка кон капитулација, кон прифаќање на руските барања. Најлошото е што ова е психолошки и политички удар за Украина – тоа не ни помага на нашиот морал е крајно опасно“.

На 30 септември 1938 година, Германија, Велика Британија, Франција и Италија постигнаа договор со кој нацистичка Германија ѝ дозволи да ја анектира област од западниот дел на Чехословачка.

Одлуката на Доналд Трамп да ја прекине воената помош за Украина е опишана како „катастрофална“ од еден украински пратеник, велејќи за „Скај њуз“ дека „илјадници луѓе ќе умрат“ како резултат на тоа.

„Разбирам дека имаме криза во односите по состанокот во петокот во Овалната соба, но сакам да го замолам Доналд Трамп да ја преиспита оваа одлука… Можеби само да ни даде малку време да најдеме решение бидејќи ова е катастрофално за нас“, му рече Олексеј Гончаренко на водителот Вилфред Фрост. Тој додаде дека одлуката на Трамп ќе го „охрабри“ рускиот претседател Владимир Путин и дополнително ќе ги продлабочи поделбите.

„Ние мора да ги излечиме овие поделби, мора да соработуваме со Америка, мора да бидеме заедно“, нагласи тој. На прашањето дали Володимир Зеленски треба да се повлече, Гончаренко потсети дека Зеленски по изборите во 2019 година изјавил дека нема да бара нов мандат. „Мислам дека е време да се потсетиме на тоа и можеби јавно да кажеме дека изборите ќе се одржат по завршувањето на војната. Мислам дека тој барем треба да размисли да не се кандидира“, рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фон дер Лајен објави план од 5 точки: Европа силно ќе ги зголеми трошоците за одбрана

Потегот на Трамп ќе го принуди Киев да бара мир, прва реакција на Кремљ

Европа го подготвува најрадикалниот потег против Кремљ од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

Што ќе значат новите царини за економиите на САД, Канада и на Мексико

Катерина Ѓуровски

Канада може да го прекине пристапот на САД до енергенси

САД малку повеќе помагале воено, Европа многу повеќе и помагала на Украина финасиски