Украински беспилотни летала погодија две станбени згради во регионот Тамбов, има повредени

Од:

Во руската област Тамбов, украински беспилотни летала удриле во две станбени згради во Котовск во текот на ноќта, при што се повредени неколку лица, изјави вршителот на должноста гувернер Евгениј Первишов.

Според информациите на гувернерот на руската област Белгород, Вјачеслав Гладков, после падот на делови од соборен дрон во селото Мајски се искршени прозорците на три куќи и се оштетени покривите.

Руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта соборија 85 украински беспилотни летала над руска територија, соопшти руското Министерство за одбрана.

Како што прецизира Министерството, 31 беспилотно летало е уништено над Црното Море, 16 над Воронежскиот регион и Краснодарската територија, 14 над Азовското Море, четири над Белгородскиот регион, два над Тамбовскиот регион и по еден над Курск.

Воведени се привремени ограничувања за работата на аеродромите во Казан, Нижнекамск и Улјановск за да се обезбеди безбедност на летовите на цивилните авиони, објави руската Федерална агенција за воздушен транспорт.

Би можело да ве интересира

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород